Search

Активистите на коалицијата „Сега е време” со спортска активност во „Паркот Сарај”

 Активисти и поддржувачи на коалицијата „Сега е време” (Алијанса за Албанците и Алтернатива), успешно ја заклучија заедничката спортска активност, што се одржа денес на „Паркот Сарај”.

Присутни на овој настан беа носителот во изборната единица 1 од коалицијата „Сега е време”, Скендер Реџепи – Зејди, кандидатот за пратеник, Абдула Салиу, заедно со младите на двете партии АА и ААА.

„Младите се потенцијална моќ врз која се гради нашата иднина. Оваа младинска моќ ќе биде гласот на разумот за социјални промени што ќе се случи на 15 јули кај Албанците”, рече носителот во изборната единица 1, Скендер Реџепи – Зејди.

Кандидатот за пратеник на коалицијата „Сега е време”, Абдула Салиу, на младите им се обрати со овие зборови: „Активирањето на младите за промени е витална шанса да се донесе промена на 15 јули. Вие сте иднината на нашето општество “.

Инаку, поранешниот албански фудбалер од Скопје, Ертан Демири, кој истовремено е и кандидат за пратеник на коалицијата „ААА – АА”, исто така зборуваше пред младите.

Треба да знаете
Последни објави