Search

Активистите на „Гринпис“ се качија на седиштето на ЕУ пред самитот за климатски промени

Активистите за животна средина од меѓународната група „Гринпис“ денес се искачија на новото седиште на Европската Унија во Брисел и развија огромен транспарент  со кој предупредуваат на климатската вонредна ситуација, неколку часа пред самитот на лидерите на ЕУ за борба против глобалното затоплување.

Околу 30 активисти во црвена облека и со опрема за качување стоеле на скелето покрај зградата на Европа, додека долу се собрала полиција и на небото кружел хеликоптер.

Новинар на „Асошиејтед прес“ објави дека околу 20 активисти се приведени на теренот.

„Една група успеа да се искачи на зградата користејќи скалила од стар противпожарен камион и имаат доволно храна за два дена“, изјави Марк Брејди, портпарол на „Гринпис“.

Водачите на ЕУ на самитот ќе разговараат за начините на елиминирање на јаглеродот од Унијата до 2050 година.  

Посиромашните земји членки  на Унијата што се  зависни од јаглен стравуваат дека може да бидат сериозно погодени од трансформацијата на енергетските ресурси.

Треба да знаете
Последни објави