Search

Активистите за климатски промени со закана за блокада на аеродромот „Хитроу” во Лондон

Активистите за климатски промени од организацијата за заштита на природата „Бунт против изумирање” планираат да го блокираат аеродромот „Хитроу” во Лондон. Тие се заканија дека ќе ја нарушат работата на аеродромот со демонстрации, со цел длабоки структурни реформи во воздухопловната индустрија.

Портпарол на аеродромот изјави дека персоналот е загрижен поради нарушувањето на летовите што ќе ги предизвика протестот, особено за патниците кои со семејствата и пријателите планираат да патуваат за велигденските празници.

Оваа недела британската полиција уапси тројца активисти за заштита на животната средина од истата група, откако се залепија за воз во лондонската метро-станица Кенери Ворф, предизвикувајќи одложување на возовите.

Полицијата соопшти дека од понеделникот се уапсени повеќе од 420 луѓе на протестите организирани од групата „Бунт против изумирање” (Extinction rebellion).

Протестите во Лондон се поради односот на власта кон климатските промени, поради што во средата беа блокирани неколку главни крстосници во престолнината на Велика Британија.

Демонстрантите го блокираа сообраќајот на мостот Ватерло над реката Темза и други важни сообраќајници, поради што многу автобуски линии не се одвиваа по редовните траси.

Адвокатката Фархана Јамин, една од приведените активистки, се извини на граѓаните за блокираните улици, но истакна дека тоа е неопходно за да се скрене внимание на опасностите кои доаѓаат со климатските промени.

Треба да знаете
Последни објави