Search

Актерот од „Војна на ѕвездите“ почина од коронавирус

Актерот Ендру Џек кој се појави во „Војна на ѕвездите“ почина од коронавирус, потврди неговиот агент. 76-годишниот Ендру почина, вчера во болницата во Сари.

Неговиот агент изјавил дека Ендру не можел да ја види својата сопруга во последните денови од животот, затоа што таа била ставена во карантин во Австралија.

„Тој сè уште работеше со полно работно време, во моментов тренер на новиот Бетмен“, додаде таа.

Неговиот колега од „Војна на ѕвездите“, Грег Грунберг, изјави дека е уништен поради веста за смертта на Ендру, опишувајќи го како „прекрасен, талентиран и сакан господин“.

„Тој е еден од најдрагите луѓе со кој сум работел некогаш“ додаде Грунберг.

Треба да знаете
Последни објави