Search

Вака се воспитуваат деца: Метју Меконахи и неговите 3 правила за здраво родителство

Актерот Метју Меконахи пронајде идеален рецепт до кој членовите на семејството мора да се придржуваат и поради тоа кај нив владее вистинска семејна идила…

Манекенката Ламила Алвес и холивудскиот актер Метју Меконахи во брак се веќе осум години и имаат три деца – синовите Леви и Ливингстон и ќерката Виду. Познатиот актер проговори за воспитните мерки кои ги има во неговата куќа.

„Во нашата куќа не е дозволено лажење. Не е дозволено да се изговара: „Не можам“ и потполно е забрането да се изговара зборот „мразење“. Поради тие три зборови може да бидете во голема неволја во нашата куќа“ – заклучи.

Најважно им е децата да им бидат скромни и не сакаат да се чувствуваат лошо поради „пополарноста на семејството“.

„Постојано им нагласувам дека доколку децата на училиште им кажат: „Се кладам дека живеете во голема куќа, бидејќи твојот татко е популарен“, да не ја наведнуваат главата. Ги советувам дека е подобро да ги погледнат во очи и да им кажат: „Да живееме во убава куќа. Мојот татко навистина работи многу за да биде успешен“.

Меконахи сака неговите деца да ги грижливи и способни млади луѓе, но првенствено им посакува да имаат анонимност и да уживаат во животот. Сето она што тој го немал во добар дел од животот.

Имено, неодамна откри колку турбулентен бил неговиот однос со мајка му Кеј со која не разговараше скоро една деценија.

Треба да знаете
Последни објави