Search

Актерот Иван Бекјарев почина од Ковид

Познатиот српски актер Иван Бекјарев почина денес на 74 години од последици од коронавирусот.

Бекјарев, како што известуваат српските медиуми, со коронавирусот се заразил минатиот месец, а пред десетина дена неговата здравствена состојба значително се влошила.

Последните недели тој бил хоспитализиран на инфективната клиника во Белград.
Актерот дознал дека е позитивен на коронавирус додека снимал филм, по што веднаш го напуштил сетот.

Бекјарев својата прва улога ја одиграл во далечната 1967 година, а во својот живот има одиграно повеќе од 150 театарски улоги, а глумел и во повеќе од 50 филмови. Најпознатите серии кои беа доста актуални и кај нас, а во кои Иван Бекјарев беше дел од екипата се „Подобар живот“, „Среќни луѓе“, „Отпишани“, „Горки плодови“.

Треба да знаете
Последни објави