Search

Аксел Роуз сними нова песна по 10 години

Помина речиси една деценија откако фронтменот на „Ганс енд роузис“ нема објавено некоја музика. Последното што го објави со бендот е Chinese Democracy во 2008 година. Неговата последна песна, само неколку дена стара, е малку неочекувана.

Иако во последно време е на турнеја со старите членови на „Ганс“, Слеш и Даф Мекејган, привремено ги замени со анимирани колеги во бендот во новата песна Rock the Rock. Песната се појави во промовидео за шоуто на Бумеранг „Нова шашава дружина”.

Во видеото, во кое навистина дава глас Роуз, као што тврди продукцијата, на музичката легенда ѝ се приклучија Душко Долгоушко, Гица Прасица и друштвото за да се запре астероид само со силата на рок-музиката.

Се разбира, тоа е малку старомодно, но со убави спомени од добрите цртани филмови и добра музика оваа екипа предизвикува барем мала насмевка.

Треба да знаете
Последни објави