Search

Ако сакате да пиете чисто црно кафе, можно е да сте психопат, а еве зошто…

Омиленото кафе има поврзаност и со одредени психолошки карактеристики, покажало австриското истражување. Оние кои сакаат благо кафе обично се пријатни и љубезни.

Ако сте излегле со некој кој пие чисто црно кафе, можеби треба да се завртите и да си заминете.

Истражувањето спороведено во Австрија, покажало дека постои поврзаност помеѓу најпосакуваното кафе и човечките карактеристики. Се испоставило дека чистото, црно кафе, најчесто го пијат луѓето со психопатски и садистички тенденции.

Истражувањето е спроведено на 1000 луѓе. Ги испитувале кое им е најдраго кафе и спорведувале психолошки тестови на кои може да се покаже нарцизам, садизам, психопатија и агресија.

Садистички и психопатски карактеристики покажале и луѓето кои сакаат горко. Тие кои сакаат благо кафе или кафе со млеко и други благи вкусови, генерално се склони на согласување со мислењата на другите и се истакнуваат по симпатичност, соработка и љубезност.

Истражувачите од Универзитетот истакнуваат дека најизразена е поврзаноста помеѓу горката храна и секојдневниот садизам, а тие сметаат дека таа состојба станува сè полоша со текот на годините.

Треба да знаете
Последни објави