Search

„Ако Погба мисли дека глупавите финти се доволни, тогаш тој е идиот

Очигледно е дека Пол Погба не игра на свое ниво во изминатиов период, а на дуелот против Арсенал на теренот истрча во 75-та минута.

Сепак, Французинот повторно не успеа да се наметне како лидер на теренот, па некогашниот фудбалер на Јунајтед, Пол Инс кој што сега работи како стручен коментатор, остро го нападна Погба.

„Погба е доведен со репутација на играч од светска класа, но тој сега изгледа просечно. Ако мисли дека негова работа е само да излезе на терен и да направи неколку глупави финти поради кои ќе ја загуби топката, тогаш тој е идиот“, изјави Инс и додаде:

„Неговиот однос кон навивачите говори дека сака да си замине од Манчестер Јунајтед, дека едвај го чека тоа. Од друга страна, Андер Ерера можеби не е најдобар на светот, но го разбира Јунајтед, разбира што значи да се игра во овој клуб и да се победува. Погба го нема тоа, ниту Лукаку“, изјави Инс.

Треба да знаете
Последни објави