Search

Ако Кузеска се грижи за јавното здравје да му реагира на Шилегов да го зголеми бројот на автобуси на ЈСП

Соопштение до јавноста- реакција на прес конференцијата на Богдана Кузеска

„Богданка Кузеска, ако се грижи за јавното здравје за почеток може да реагира Шилегов да го зголеми бројот на автобуси на ЈСП кои се во сообраќај.

Во ек на корона криза, кога бројот на ново заразени секој ден достигнува нов пик, Шилегов нема план за побезбедно функционирање на скопјани.

Македонија од март до сега е во континуиран бран. Тоа е поради неспособноста на власта да менаџира со кризата. Кога сите држави во светот имаа прекин во бранот на заразата ние бележевме рекорди во заразени.

Сега сме на почетокот на кризата, допрва следува сезоната на грип и хаосот може да биде уште поголем, а власта ништо не прави за да спречи ескалација.

СДСМ нема капацитет, да се справува, затоа што наместо да мисли како да го намали бројот на заразени Филипче го зголемува семејниот имот.“

Треба да знаете
Последни објави