Search

„Ако излезете, јас ќе влезам“- Полицаец со корона-кацига го контролира карантинот во Индија

Рајеш Бабу, полицаец од градот Ченаи, носи специјално изработена кацига во облик на коронавирус, додека ги запира возилата и пешаците на контролните пунктови. Шлемот е прекриен со црвени рогови со тркалезни врвови и изгледа како микроскопска слика на коронавирус, пренесува Си-Ен-Ен.

Локалниот уметник Б. Гоутам го дизајнирал шлемот кога забележал недостаток на јавна свест за пандемијата и превентивните мерки.

Гоутам смета дека луѓето не ја сфаќаат пандемијата сериозно бидејќи вирусот е невидливи со голо око. Затоа, одлучи да создаде кацига што ќе им го покаже на граѓаните вистинскиот пристап кон вирусот.

Полицаецот Бабу го носи шлемот кога запира луѓе во автомобили или мотоцикли, особено кога ќе види дека не носат маски за лице. Притоа, тој им ја кажува важноста да одржуваат социјална дистанца и да носат заштитна опрема за лице.

„Ако излезете, јас ќе влезам“, им порачува полицаецот  на незаштитените минувачи.

Треба да знаете
Последни објави