Search

Ако извиси Истанбул главен кандидат за организација на финалето од ЛШ е Лисабон

Истанбул би можел да остане без организација на финалето од фудбалската Лига на шампионите  годинава, поради ситуацијата со коронавирусот во Турција. Поради неможноста да има публика на трибините, УЕФА разгледува опција за нов домаќин. На адреса на УЕФА пристигнале неколку понуди за организација на овој фудбалски спектакл. Како најсериозен кандидат е Лисабон.

Португалскиот главен град би можел да ја добие довербата, поради малиот број заразени лица со коронавирусот во текот на цела пандемија.

 

Треба да знаете
Последни објави