Search

Ако Борисов го сменил Михајлов, ФИФА ќе ја суспендира Бугарија

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов побара, а првиот човек на фудбалската федерација кај источниот сосед Борсилав Михајлов веднаш потоа поднесе оставка. Овој чин во Бугарија се случи откако навивачите на стадионот „Васил Левски“ во Софија за време на квалификацискиот натпревар на домашната селекција со Англија ги навредуваа гостинските репрезентативци на расна основа и демонстираа нацистички поздрави.
-Внимателно ја следиме ситуацијата, изјави портпаролот на ФИФА за „Скај Спортс“.
Законите на ФИФА строго забрануваат мешање на политиката и спортот. ФИФА се уште не почнала формална истрага за случајот, но доколку се утврди дека оставката е под влијание на премиерот на Бугарија може да биде суспендирана Фудбалската федерација.
Треба да знаете
Последни објави