Search

Академија Пандев го промовира Митровски

Академија Пандев го промовираше второто големо засилување за пролетниот дел од сезоната, Димитар Митровски кој до пред шест месеци го носеше дресот на младинскиот тим на Спортинг Лисабон.

Митровски во претходните шест месеци беше на две проби, во Партизан и во Полска, меѓутоа тие беа неуспешни, па сега се враќа во Македонија за да се врати во форма.

Екипата од Струмица претходно се засили и со Пепи Ѓоргиев, а во следниот период на проба во тимот ќе биде и хрватскиот интернационалец Леис Пличанин.

Струмичани треба да го решат и прашањето за нов кормилар на екипата бидејќи Александар Васоски пред неколку дена замине во Сараево.

Треба да знаете
Последни објави