Search

Азис: Не е Боки 13, зема машки хормони и пушта црна брада

За контроверзниот бугарски пејач Азис велат да го нема, ќе го измислевме. Иако често го споредувале поради облекувањето во жена со нашиот Боки 13, тој тоа ни од далеку не е. Таа фаза кога беше трансвестит поодамна ја има поминато, па сега е вистински маж. Пејачот во сè изгледа како машко, па ни трага ни гласа од некогашниот женски имиџ, а со кој направи пари.

–Во фаза сум кога ставам нова долна силна вилица, кога пуштам густа црна брада. Мојата трансформацијата во маж продолжува, редовно земам машки хормони, порачува пејачот кој важи за еден од најбогатите на бугарската естрада. Самите Бугари се поделени, некои го сакаат другите ама ич, рамнодушни нема. Важно Азис си ја постигна целта.

Популарен е со децении, а пред неколку години имаше и свој концерт во Скопје. Но кај нашата публика лошо помина. Салата во која Азис настапи (но како трансвестит)  остана полупразна.

Преземено од Вечер Прес

Треба да знаете
Последни објави