Search

Азиските берзи растат поради договорт САД – Кина

На азиските берзи денеска цените на акциите се зголемија, а кинексиот јуан ослабна додека САД и Кина се подготвуваат за потпишување на првата фаза од тргоскиот договор.
МСЦИ индексот на азиско-пацифичките акции без јапонските, беше во плус од 0,2 отсто. Притоа на Токиската берза Никеи индексот зајакна за 0,7 отсто додека цените на акциите во Сингапур, Јужна Кореја  и Австралија се зголемија меѓу 0,1 и 0,8 отсто. Во Шангај и Хонг Конг има мал пад.
Азиските берзи беа охрабрени по вчерашниот рекорд на С/П 500 индексот на Волстрит каде владее оптимизам со надеж за подобрување на трговските односи меѓу САД и Кина со што ќе се запре и трендот на успорување на растот на најголемите светски економии.
Кинеска делегација допатува во Вашингтон каде в среда се очеква потпишување на првата фаза од трговскиот договор. Според најавите Вашингтон ќе намали или укине низа царини на увоз на кинески производи додека Пекинг ќе купува повеќе американски земјоделски проиозводи и ќе намали царини за овоз на низа американски производи.
Министерството за финансии на САД вчера објави дека Кина веќе не треба да се смета за валутен непријател додека Пекинг дозволи раст на јуанот на највисоко ниво во изминатите пет месеци – утрово беше зајакнат 0,4 отсто – 6,8677 јуани за долар.
Треба да знаете
Последни објави