Search

Азискиот рекордер во фрлање диск позитивен на Ковид-19

Иранскиот атлетски репрезентативец во фрлање диск, Ехсан Хадади, кој се закити со сребрен медал на олимписките Игри во Лондон, е позитивен на коронавирус, објави World Athletics. Агенцијата „Тасним” потврди дека 35 годишниот Хадади, кој живее во САД, се наоѓа во изолација и дека е со благи симптоми на болеста.
Ехсан Хадади е освојувач на првото олимписко одличје за Иран, а со Ковид-19 се заразил за време на посета на семејството во Техеран.
Покрај среброто од Лондон, Хадади е шесткратен азиски шампион и актуелен рекордер и меѓу атлетските експерти важеше за прв фаворит за злато на Игрите во Токио кои се одлоќени за наредната година.
Треба да знаете
Последни објави