Search

Азилот на бегалецот Груевски истекува во среда

Груевски на 20-ти октомври, 2018-та година побегна од Македонија, откако му беше определена правосилна пресуда за затвор од две години.

На бегалецот Никола Груевски, кој е и осомничен за повеќе кривични дела, во среда ќе му истече азилот.

Согласно правилата во оваа држава, по точно три години од добивањето на азил мора да биде извршена ревизија, а засега евентуалната одлука на тамошниот систем е непозната, пишува „Центар.мк“.

Македонија има распишано потерница по Никола Груевски, па доколку не му биде обновен азилот, тој ќе треба да биде екстрадиран во земјава.

Треба да знаете
Последни објави