Search

Азески побарал од Хисарчиклиоглу да помогне во овозможувањето слободен проток на македонски производи кон Турција

Забраната што ја воведоа турските власти за влез на македонски транспортери во земјата, како дел од тамошните мерки за заштита од коронавирусот, сериозно ги погодува нашите компании кои вршат извоз и увоз во и преку Турција за азиските пазари, соопшти Стопанската комора на Македонија.

Поради тоа, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески вчера со писмен допис се обратил до неговиот колега, претседателот на Унијата на комори и стокови берзи на Турција, Рифат Хисарчиклиоглу и го замолил во рамките на неговите овластувања да се заложи за надминување на постојниот проблем.

– Целта е да им се помогне на македонските транспортери и да им се овозможи слободен проток на стоки меѓу нашите две земји, информира Стопанската комора.

Треба да знаете
Последни објави