Search

Азербејџан тврди: Ерменските сили убија петчлено семејство

Пет члена од исто семејство биле убиени во гранатирањето на ерменските сили, објави Генералното обвинителство на Азербејџан. Најавено е покренување на кривична постапка против Ерменија поради смрт на цивили, пренесува Раша Тудеј.

„Жител на селото Гашалти и четворица членови на неговото семејство беа убиени во гранатирање на ерменските вооружени сили“, соопштија обвинителите.

Ерменија претходно соопшти дека најмалку двајца цивили биле убиени како резултат на нападите од страна на азербејџанските сили.

Изутринава започнаа непријателства меѓу азербејџанската и ерменската армија, бидејќи двете нации продолжуваат да се судираат околу регионот Нагорно-Карабах, голема енклава населена со Ерменци во рамките на Азербејџан. Воената состојба е воведена во двете земји .Нагорно-Карабах прогласи отцепување од Азербејџан во 90-тите години на минатиот век.

Регионот Нагорно-Карабах денеска објави дека 16 нивни војници биле убиени, а над 100 се ранети во утринските судири со азербејџанските сили.

Треба да знаете
Последни објави