Search

Азербејџан останува „затворен” до 1 декември

Специјалниот режим на карантин во Азербејџан кој е во сила до 2 ноември ќе биде продолжен до 1 декември, а мерката е воведена за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Според азербејџанската новинска агенција Азертак, поради влошената епидемиолошка состојба, градот Ланкаран и регионите Џалилабад и Масали ќе бидат целосно затворени, и за нив ќе важи забрана за влез и излез на луѓе и возила, освен за специјални транспорти и камиони.

Во главниот град Баку, како и во седум други градови и 13 региони, јавниот превоз ќе биде прекинат за време на викенд.

Во Азербејџан на 24 март беше воведен посебен режим на карантин и веќе еднаш беше продолжен.

Треба да знаете
Последни објави