Search

Азар ќе го пропушти и дербито со Атлетико

Ѕвездата на Реал Мадрид, Еден Азар, нема да биде достапен за саботниот натпревар со Атлетико Мадрид од 22-то коло од Ла Лига, пишува „АС”.

Играчот од средниот ред се повреди на средбата со Пари Сен Жермен, а во прв момент повредата не изгледаше толку алармантна.

Поранешниот играч на Челзи веќе тренира со топката, но сепак работи по индивидуална програма и од штабот на Кралскиот клуб не се подготвени да преземат какви било ризици.

Целта на Азар е да биде во форма за дуелите со Манчестер Сити. Првиот е на 26 февруари.

Треба да знаете
Последни објави