Search

Аеродром се приклучува кон кампањата за замена на системот за греење со еколошки алтернативи

Општина Аеродромги повика граѓаните, заедниците на сопственици и управители на згради да станат дел од кампањата за употреба наодржливи системи за греење.

Кампањата „Одбележување на 100% одржлив систем за греење“има цел да ги мапира објектите што веќе имаат инсталиран систем за греење на обновливи извори на енергија и да бидат добар пример и поттик повеќе корисници да се насочат кон одржливо греење.

На сопствениците на ваквите системи ќе им биде доделен зелен сертификат во облик на стикеркако признание за користење одржливитехнологии за греење и ладење од обновливи извори на енергии.

Инаку, кампањата се организира во рамките на проектот REPLACE финансиран од програмата за истражување и иновации на Европската Унија „Хоризонт 2020“. Проектот е насочен кон сите што се вклучени во секторот греење и ладење: крајни потрошувачи, посредници, енергетски контролори како и инвеститори и сопственици на згради, со цел да се мотивираат да ги заменат старите и неефикасни системи за греење и ладење со еколошки алтернативи.

За приклучување кон оваа иницијатива е потребна регистрација на следниов линк:https://forms.gle/esHcK4RVVyirZLvR9

Треба да знаете
Последни објави