Search

Аеродром: ВМРО-ДПМНЕ префрла одговорноста за урбанистичкиот хаос кој тие го предизвикаа

Општина Аеродром: ВМРО-ДПМНЕ ја префрла одговорноста за урбанистичкиот хаос кој тие го предизвикаа

Општина Аеродром се јави со соопштени после барањето на ВМРО-ДПМНЕ и нивната советничка група од Советот на Оптшина Аеродром за ревизија и мораториум за ДУП-ови што самите тие ги имале изгласано од порано.

„Продолжува лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и нивната советничка група. На вчерашната седница на Советот на Општина Аеродром побараа ревизија и мораториум за ДУП-ови што самите тие ги имаат изгласано. Притоа, никој од нив не даде ниту еден аргумент за своите предлози и како тие би ја решиле ситуацијата. Единствена цел на ВМРО-ДПМНЕ е да ја префрли одговорноста за урбанистичкиот хаос во Аеродром, кој токму тие го предизвикаа, врз новото општинско раководство.

Во однос на предложениот мораторитум на ДУП И10 и Црква УЕБ, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше неколкупати повикана да го образложи својот предлог. На прашањето што ќе се постигне со мораториумот и како тој ќе го реши проблемот со парцелата кај Мајчин дом, ниту еден од советниците немаше одговор. Мораториумот не му го одзема правото на сопственикот да гради, не го оспорува носењето на ДУП-от и не влијае врз маркицата за градба. На овој начин само се блокираат сите други неспорни градби и тековни работи во општината. За сметка на ова, Опшината може да трпи и финансиски штети.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ вчера се обидоа да побараат и ревизија на ДУП-овите, иако знаат дека таа веќе се спроведува. По преформулирањето на точката, гласаа против сопствениот предлог. Ова е уште еден доказ за безидејноста во работењето на ВМРО-ДПМНЕ. Врз основа на оваа ревизија, сите потребни документи за претставките против ДУП И10 се веќе доставени до Уставен суд, кој утре ќе расправа за овој случај. Токму судот ја има надлежноста да решава за ова прашање и Општина Аеродром понатаму ќе постапува согласно со неговата одлука.

Новото раководство на Општина Аеродром на чело со градоначалникот Златко Марин, активно работат на заштита на урбаното јадро, грижа и дополнување на зеленилото во општината. Новите урбанистички планови се носат според повисоки стандарди за похумано живеење. Време е ВМРО- ДПМНЕ да престанат со пополустички и небулозни предлози и да почнат да работат конструктивно и во корист на граѓаните“, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави