Search

Адријана Лима грациозна во бела комбинација

Таа е една од најплатените модели во светот.

И Адријана Лима докажа дека што и да облече на себе, тротоарот по кој чекори изгледа како модна писта.

38-годишната убавица воодушевува во целосно бела комбинација и кратки чизми од црн лак-кожа додека го додека го вози багажот кон терминалот на аеродромот и го чека својот лет на аеродромот во Лос Аџелес.

Поранешниот модел на „Викторија сикрет“ се реши за бела ролка и подеднакво  бели тренерки, спортско а сепак шик.

Изгледот го дополни со големи, темни очила за сонце, а во раката носеше црн капут.

Лима го напушти Градот на ангелите во понеделникот, само еден ден по оскаровската забава на „Венити фер“.

Треба да знаете
Последни објави