Search

Администрацијата на Трамп: Били Ајлиш ги уништува САД

Протекоа документи на Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, каде што, наводно, се говори за договор за рекламирање, вреден 250 милиони американски долари, првично наменет за „пораз на очајот и инспирирање надеж” во време на пандемијата на Ковид-19.

Во документите, меѓу другото, се посочени и јавни личности за кои се верува дека не се согласуваат со Трамп и неговата политика. Посебно е интересен делот за поп-пејачката Били Ајлиш, во кој се вели дека „не е поддржувач на Трамп”, но и дека таа „ја уништува нашата земја (САД) и сѐ за што ние се грижиме”, пренесуваат американските медиуми.

Били Ајлиш, пак, од своја страна возврати дека „Трамп е оној што ги уништува САД”.

Записите велат дека „проблем за сегашната Администрација” се најмалку 274 уметници и славни личности. Меѓу нив се спомнуваат и имињата на Џенифер Лопез, Џад Апатоу, Џорџ Лопез, Кристина Агилера, Адам Левин, Џастин Тимберлејк, Џек Блек и Џони Деп.

Како пожелни за кампањата се посочени водителот д-р Оз и глумецот Денис Квејд.

Ниту едно видео од оваа платена пропагандна програма сѐ уште не е емитувано.

Треба да знаете
Последни објави