Search

„Адидас“ затвора фабрики во Германија и САД

Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ планира да затвори високо-технолошки роботизирани фабрики во Германија и САД и да пренесе дел од технологијата во Азија.

Компанијата не достави дополнителни детали за причината за затворањето на погоните кои, според Ројтерс, се покажале како скапа инвестиција.

Директорот за меѓународна бизнис соработка на „Адидас“, Мартин Шанкланд, вели дека двете фабрики помогнале компанијата да ја подобри својата експертиза за иновативно производство и дека примената на она што го научиле со своите добавувачи ќе овозможи пофлексибилна и економична работа.

Во 2016 година, „Адидас“ во германскиот град Анзбах започна со роботизирано производство на обувки во фабриката „Спадфактори“, а во 2017 година отвори уште една ваква фабрика во близина на американскиот град Атланта.

Компанијата „Адидас“, основана во 1949 година, го пресели поголемиот дел од своето производство од Европа во Азија и сега се потпира на повеќе од еден милион работници во тој регион, особено во Кина и Виетнам

Треба да знаете
Последни објави