Search

Адидас ги поби сите тврдења на Роналдо, голот е на Бруно

Кристијано Роналдо тврдеше дека ја допрел топката при постигнатиот гол на Португалија против Уругвај, истото пристигна и од Португалската федерација, меѓутоа сите работи паднаа во вода по најновото соопштение.

Имено, компанијата „Адидас“ која ги изработува топките за СП 2022 објави дека немало допир на топката при шутот на Бруно Фернандеш. Сето тоа се проверило по сензорите кои детектираат допир или шут, а се поставени на овој Мундијал на сите фудбалски топки.

Така, Бруно Фернандеш останува двоен стрелец на дуелот против Уругвај, а Роналдо има еден постигнат гол против селекцијата на Гана.

Кристијано Роналдо славеше при првиот гол на Португалија против Уругвај, но на крај заслугата му беше препишана кај Бруно Фернандеш.

Првиот голгетер на Португалците по натпреварот не можеше да сфати зошто голот не беше запишан на негово име. Дури и протестираше, покажувајќи кон својата глава, тврдејќи дека ја зафатил топката на патот до уругвајската мрежа.

Треба да знаете
Последни објави