Search

Адетокунбо: Најдобар во светот е Стеф Кари

Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо, има клучен критериум што му овозможува да го одреди најдобриот кошаркар во светот.

– Знам дека сум ефикасен и му помагам на тимот да успее, јас сум на листата на најдобрите. Имам доволно искуство и зрелост за да го разберам ова. Дали се сметам себеси за најдобар на светот? Според мене најдобар е оној кој со својот тим отиде до самиот крај и го направи шампион. Пред неколку години, кога го направивме ова, легнав во кревет и тивко реков: „Можеби јас сум најдобриот на светот”. Но, сега – не. Најдобриот е победникот. Најдобар во светот во моментов е Стеф Кари, изјави Јанис.

Адетокунбо заедно со Кари и со Леброн Џејмс се најголемите ѕвезди последните неколку сезони во НБА-лигата.

Треба да знаете
Последни објави