Search

Адеми: Ќе играм и ќе го победиме Розенборг

Денеска и утре (21 часот) се играат по три пелјоф натпревари за пласман во групната фаза од фудбалската Лига на шампионите. Ова се први натпревари, а реваншите се закажани за 27 и 28 август. Победниците ќе обезбедат настап во групната фаза од елитното натпреварување, а поразените ќе продолжат во групите, но во второто по ранг клупско натпреаврување Лига Европа. Ждрепката за составот на осумте групи со по четири екипи во Лигата на шампионите е закажана за 29 август.

Вечерва играат: АПОЕЛ Никозија (Кипар) – Ајакс (Холандија), ЛАСК (Австрија) – Бриж (Белгија), Клуж (Романија) – Славија Прага (Чешка). УТРЕ: Олимпијакос (Грција) – Краснодар (Русија), Динамо Загреб (Хрватска) – Розенборг (Норвешка), Јанг Бојс (Швајцарија) – Црвена звезда (Србија).

Од регионов пред ваков предизвик се прваците на Хрватска, Динамо Загреб и на Србија, Црвена звезда. Двете екипи играат утре. Тимот од „Максимир“ е предводен од капитенот, македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, кој се надева дека во двомечот ќе го елиминира норвешкиот Розенборг. Она што ги загрижува „модрите“ пред дуелот со Розенборг е тоа што Адеми се пожали на мала повреда.

-Чувствувам мало затегнување на мускулот од ногата, меѓутоа ништо нема да ме спречи да играм  против Розенборг. Очекувам полн стадион и победа – порачува Адеми, кој беше главниот јунак кај Динамо при елиминацијата на унгарскиот Ференцварош.

 

 

Треба да знаете
Последни објави