Search

Адеми ќе го предводи Динамо кон ново изненадување на евро-сцената

По дваесетднева пауза поради завршните репрезентативните обврски со квалифиакциските натпревари за пласман на ЕП-2020, денеска продолжуваат возбудувањата во елитното клупско натпреварување Лигата на шампионите. Се играат првите осум средби од 5. претпоследно коло во групите од А до Д, во кои водечките екипи во овие групи ПСЖ, Баерн Минхен, Манчестер сити и Јувнетус пред да ги играат последните 90 минути од групната фаза можат да го верификуваат настапот во нокаут-фазата.

Во А групата, рекордерот со  13. европски титули, Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ го пречекува францускиот првак ПСЖ, кој е лидер во групата со  максимален скор од четири од четири и е на чекор пред промоција во осминафиналето. „Кралевите“ кои лошо ја почнаа сезоната токму со убедлив пораз од „светците“ (3:0) во Париз, а потоа и дома ремизираа со Бриж (2:2), се разбудија на време и повторно се во игра да ја минат групата. Го растурија Галатасарај во претходното коло, во еден од најдобрите одиграни мечеви сезонава (6:0) и сега треба теоретски да го верификуваат пласманот во нокаут-фазта против ПСЖ.

Другите две екипи од групата Бриж за кого постои теорија да продолжи во елитното натпреварување, повеќе од сигурно е дека со Галатасарај ќе бие битка за опстанок на евро-сцената, но како третопалсиран тим кој ќе се пресли во Лига Европа.

И Баерн Минхен е со максимален скор во групата Б. Баварците по четири кола имаат четири победи. Со времен тренер Ханс Дитер Фрикс, кој продолжи да ја води екипата по отказот на Нико Ковач, гази цврсто. На три меча имаат три победи и гол-разлика од 10:0. Со вакви застаршувачки статистички податоци германскиот бундеслигаш доаѓа во Белград кај Црвена звезда која ја испрати од Минхен со три гола во мрежата. „Црвен-белите“ теоретски можат да ѕиркаат во осминафиналето, но се фокусирани да ја зачуваат третата позиција во групата и да продолжат во Лига Европа, но за тоа им е потребно да останат непоразени во дуелот со фаворитот. Тотенхем во оваа група предводен од новиот стартег Жосе Мурињо го дочекува грчкиот Олимпијакос со кого ремизираше на стартот од натпреварувањето (2:2).

Многу поголема неизвесност носат натпреаврите од Ц групата, каде тимот на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, загрепски Динамо во Милано на „Сан Сиро “ ќе и гостува на Аталанта. Повеќекратниот хрватски првак во првото коло ја растури Аталаната на Максимир (4:0), но во претходната рунда испушти победа со Шахтјот пред своите гледачи и можноста да биде на чекор од пласман во нокаут-фазата. Сега тоа ќе треба да го прави со Аталанта, која според кладилниците иако е последно пласирана игра добро во калчолигашката конкуренција и ја има фаворитската улога. Адеми кој поради повреда паузираше од репрезентативните настапи и клупските за „модрите“ е со екипата во Милано и се очекува вечерва да ги предводи „модирте“ кон уште едно европско изненадување. Англискиот актуелен првак Манчестер сити го пречекува Шахтјор и со нов втор триумф во меѓусебните пресметки во групата ќе му „помогне“ на Динамо да остане во игра до крајот на групната фаза. Динамо очекува поддршка и од своите најверни навивачи кои се упатија кон Милано, но италјанската полиција ги засилила контролите и не ги пушта да влезат во земјата.

Италјанскиот шампион Јувентус во дербито од Д групата го пречекува шпанскиот Атлетико Мадрид. Двете екипи се на прагот од пласман во нокаут-фазата, но ќе играат за подобра позиција и меѓусебен престиж откако во првата мадридска пресметка ремизираа (2:2). „Старата дама“ ќе ја предводи еден од најдобрите фудбалери на светот Португалецот Кристијан Роналдо кого тренерот Маурисио Сари го повлекуваше од игра на првенствените мечеви, па се шпекулираше дека не се во најдобри односи што тренерот го дементираше.

Локомотив Москва и Баер Леверкузен во меѓусебна пресметка ќе одлучат кој ќе биде поблиску до третото место и Лига Европа.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 5. КОЛО

А група: Реал Мадрид – ПСЖ (21 ч.), Галатасарај – Бриж (18.55 ч.)

Табела: ПСЖ 12 бода, Реал Мадрид 7, Бриж 2, Галатасарај 1.

Б група: Црвена звезда – Баерн Минхен (21 ч.), Тотенхем – Олимпијакос (21 ч.)

Табела: Баерн Минхен 12 бода, Тотенхем 7, Ц. звезда 3, Олимпијакос 1.

Ц група: Манчестер сити – Шахтјор (21 ч.), Аталанта – Динамо (21 ч.)

Табела: Манчестер сити 10 бода, Шахтјор 5, Динамо Загреб 5, Аталанта 1.

Д група: Јувентус – Атлетико Мадрид (21 ч.), Локомотив Москава – Баер Леверкузан (18.55 ч.)

Табела: Јувентус 10 бода, Атлетико М. 7, Баер Л. 3, Локомотив М. 3.

 

 

Треба да знаете
Последни објави