Search

Адеми со забелешки за судењето во поразот од Сити

Динамо излезе како најголем губитник со расплетот на последното коло во својата група од Лигата на шампионите, откако Манчестер Сити славеше во Максимир со 1:4, а Атланта исто така триумфираше во Украина со 0:2 над Шахтор. Хрватскиот првак на крајот заврши како четврти и остана без европска пролет, иако и со пораз, но исто така и со пораз на Италијанците ќе се пласираа во Лига Европа.

Капитенот на „модрите“ Аријан Адеми не го криеше незадоволството од неуспехот, а имаше и што да каже за првиот гол на гостите од Манчестер.

-Тажни сме, испаднавме од Европа. Но, среќен сум што бев дел од оваа екипа. Направивме големо нешто за Динамо оваа сезона. Добро се движевме по теренот, на Сити не му дадовме многу простор на почетокот, но потоа примивме глуп гол. Двајца наши играчи лежеа на терен, а тие го искористија тоа. Се надеваме дека можеме повеќе, но Сити покажа моќ. Секоја чест за навивачите, кои не бодреа во текот на сите 90 минути. Сакавме да им вративме за тоа, но за жал не успеавме, рече македонскиот репрезентативец.

Тренерот Ненад Бјелица го прифати поразот од Манчестер Сити како неуспех против силен состав, но има забелешки за судењето на мечот меѓу Шахтјор и Аталанта, каде победата на гостите не одеше во прилог на неговиот тим.

– Ние секогаш им веруваме на судиие, како тие ќе одлучат, така ние веруваме во тоа. Исто така веруваме дека и на натпреварот меѓу Шахтјор и Аталанта немаше црвен картон за Муриел во 60. минута, тоа беше скандалозен прекршок, но не можеме ништо да промениме, – изјавил Бјелица кој смета дека тој момент можел да донесе поинаков расплет во Украина.

Треба да знаете
Последни објави