Search

Адеми се премисли, останува во Динамо Загреб

Иако хрватските медиуми објавија дека капитенот на Динамо Аријан Адеми веќе се договорил и е на пат за ОАЕ каде требаше да потпише за Ал Наср, од Загреб стигна информација дека македонскиот репрезентативец се премислил и останува да го предводи тимот од „Максимир“.  Адеми во ОАЕ требаше да заработи огромно богатство, а и Динамо добро да помине од трансферот.

-Да, се појавија информации за Адеми, тој доби неверојатна понуда, а во таа ситуација добро ќе поминеше и клубот. Ние не сакавме да му правиме никакви проблеми, Адеми има 28 години и заслужи сам ја креира фудбалската иднина. Јас како тренер им давам дозвола на фудбалерите сами да бираат. Сепак, Адеми реши да остане во Динамо. Вели дека не сака да го напушти клубот, освен ако не дојде некоја понуда од најдобрите пет лиги во светот. Секако дека ја почитуваме неговата одлука, соопшти Ненад Бјелица, тренерот на Динамо.

Треба да знаете
Последни објави