Search

Адеми: Разновидноста и мултикултурализмот, како квалитети на европскиот дух и македонското општество

Изложбата  „Етнолошкото наследство на етничките заедници во Македонија”, која синоќа беше отворена во Музејот на Македонија, е прва изложба во Музејот која интегрално го претставува културното наследство на етничките заедници.

Министерот за култура Асаф Адеми во своето обраќање птред присутните гости, авторите на изложбата и љубителите на уметноста ја поздрави иницијативата на Музејот на Македонија и на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија за презентација на оваа, како што рече, вредна изложба.

-Разновидноста и мултикултурализмот, како едни од суштинските квалитети на европскиот дух, одамна се во фокусот на ЕУ, но истовремено тие се и одлика на македонското општество. Ги поканувам сите граѓани да ја погледнат изложбата, преку која,  ја градиме почитта кон сите народи, ја негуваме различноста и уникатноста која на ова поднебје постоела со векови, рече Адеми.

На свеченото отворање на изложбата говореа и евроамбасадорот Самуел Жбогар, министерот за дијаспора Едмонд Адеми и директорот на Музејот на Македонија Гордан Николов.

Треба да знаете
Последни објави