Search

Адеми: Потребна е трета опција, Албанец за премиер на нашата земја

„Време е за премиер Албанец“ – не е само нашиот нов слоган, туку и пулс на нашето време.Дојде време еднаквоста да биде цела и реална, нашите деца да видат дека ние денес и тие утре можат да постигнат сешто во својата земја – дури и позицијата премиер. Вчера бевме сведоци на неуспешна моноетничка средба во ексклузивниот македонски клуб што е и главната причина зошто сакаме да го срушиме преостанатиот столб на резервираната моноетнизација на лидерските позиции, изјави Арбер Адеми од Демократската унија за интеграција

Според него, синоќешниот неуспех е уште еден доказ дека македонскиот дуопол над извршната власт е штетен за општеството и потребна е трета опција, Албанец за премиер на нашата земја.

„И едно дете кое синоќа ја видело средбата меѓу Пендаровски, Заев и Мицковски се прашува зошто меѓу нив нема Албанец, Албанец – посветен да донесе промени, Албанец на кого му е дадена дадена можноста да го сруши овој етнички монопол на клучните позиции.И овој премиер Албанец не само што ќе биде модел за сите наши деца Албанци, туку и доказ дека тие се еднакви со нивните македонски сограѓани и сите други, доказ дека можат да постигнат сè во нивните животи без етнички ограничувања.

Еден премиер Албанец исто така ќе биде важен сигнал за македонските деца, за општеството како целина, каде што ќе го смени менталитетот кај нас, ќе стави крај на моноетничкото општество. Еднаквоста во нашата земја ќе стане целосна и опиплива, не само за Македонците и Албанците, туку и за сите други етнички заедници. Ние ќе бидеме последната генерација што ќе се бориме за нашата еднаквост. Ние сакаме нашите деца да разберат дека имаат исти права и можности како и секое друго дете во нашата земја.

Ние ќе изградиме општество каде етничката дискриминација повеќе не е проблем и каде заедно ќе градиме иднина. Иднина во која нашите деца ќе бидат рамноправни граѓани на Северна Македонија, членка на Европската Унија. Општество кое ќе обезбеди најдобро образование за сите наши млади, каде што можат да веруваат во градење на нивните животи овде и
тие не мора да заминат. Еден премиер Албанец тоа ќе го направи – затоа што ќе докаже дека сè е можно ако се обединиме за една кауза. И ова е исто така е наш повик до сите албански партии и до сите граѓани Албанци – да се обединиме и ова да се случи. Ние можеби имаме разлики во дневната политика, но ова е многу поголемо прашање.

Премиер Албанец ќе ги подобри животите на граѓаните. И тоа е нашата заедничка задача и таа треба да биде наша заедничка кауза. Сега е време. Време е за првиот премиер Албанец“, додава тој.

Треба да знаете
Последни објави