Search

Адеми: Онлајн образованието е системско решение и има механизми за контрола на училиштата

Онлајн образованието е системско решение и има механизми за контрола на училиштата. Интернет ќе има за сите ученици, а со помош на донатори ќе се помага и на оние ученици кои немаат ИТ уреди, вели министерот за образование, Арбер Адеми во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Министерот појаснува дека донесените уредби на Владата предвидуваат дека далечинското учење или учењето од дома преку средствата за електронска комуникација се организира и треба да се обезбеди двонасочна комуникација и разменување податоци.

-Тоа значи образовниот процес да се организира на начин без физичко присуство на засегнатите страни во овој процес. И конкретно мислиме на видео-конференциските платформи, на електронската пошта и секое друго средство за електронска комуникација, вели министерот.

Оценува дека се работи за системско решение, ама за моделот и опциите преку кои средства за електронска комуникација ќе се организира наставата вели дека е најцелисходно самите училишта да се определат, бидејќи пред донесување на уредбите препорачано е до сите образовани институции да организираат онлајн настава.

-Нели имаше отпор, апели, критики, дека нема законска подлога, законски основ, затоа ги донесовме уредбите и сега онлајн наставата е формален образовен процес, а не неформален. И имајќи предвид дека постојат повеќе платформи, самите училишта нека се определат преку која платформа ќе работат, но ова е системско решение. Дали ќе користат Мајкрософт тимс или Гугл класрум, Фугл драф, Едмундо или некоја друга платформа или можеби тие развиле своја платформа, тоа е нивно решение, вели Адеми и додава дека има механизам да се контролираат училишата доколку не го прават тоа.

Министерот истакнува дека е орпеделба да се обезбеди интернет за сите деца и затоа е пратен допис до сите училишта да информираат кои деца немаат пристап до интернет.

-Можеби имало недоразбирање, барале податоци за доделување, распределување на ИТ уреди, но најбитно е сега интернет да има секој, секој да има пристап, затоа ние веќе со колегата за информатичко општество Дамјан Манчевски ќе доделуваме ваучери за пристап до интернет бесплатно за сите деца кои потекнуваат од семејства кои немаат никакви приходи. ИТ уред, може генерално да кажам, дека најголем дел од децата или родителите на децата имаат, бидејќи ако се сеќавате во нормални околности кога сме биле имаше апели, барања до нас да се забрани употребата на смарт телефони за време на часовите, така што најголем број на граѓаните и на учениците или родителите на учениците имаат ИТ уред. Но, најискрено може да кажам дека и со една скромна цена, вредност, може да се обезбеди ИТ уред на пазарот или најмалку употребуван паметен телефон. Така што не гледаме дека имаме проблем, иако веќе сме во комуникација со потенцијални донатори од бизнис заедницата кои сакаат да помогнат во овој дел и на најзагрозените семејства кои се под социјален ризик без никакви примања, вели министерот за образование во интервју за Радио Слободна Европа.

Треба да знаете
Последни објави