Search

Адеми: На маса се опциите и за пролонгирање, и за укинување на државната матура

– Министерот за образвание и наука Арбер Адеми рече дека на маса има опции и за пролонгирање и за укинување на државната матура за оваа учебна година, дека анализи се прават и секоја одлука што ќе се донесе ќе биде мотивирана од најдобриот интерес за учениците.

Одговарајќи на прашање дали ќе прифатат иницијатива и петиција од средношколци државната матура оваа година да е се полага, тој одговори дека на повеќе наврати систакнале дека ја  следат ситуацијата и околностите.

-Така што, сите опции се на маса. Се дискутира и опцијата за пролонгирање на државната матура, но  и за опцијата за укинување на државната матура. Нема простор за загриженост,  бидејќи секоја наша одлука која ќе ја донесеме ќе биде  во насока и мотивирана од  најдобриот интерес на нашите ученици и никој нема да биде оштетен. Но, секако, треба да се направат и дополнителни анализи за сите предизвици со кои се соочуваме и за прашањето на државната матура. Ќе одлучиме водени од најдобриот интерес на нашите средношколци, рече министерот Адеми.

Треба да знаете
Последни објави