Search

Адеми: Наставата на француски јазик пример за добро пријателството

Министерот за образование и наука Арбер Адеми, заедно со Амбасадорот на Франција, Н. Е. Кристијан Тимоние, ги посетија основните училишта „Наум Наумовски – Борче“ и „Братство“, каде францускиот јазик се изучува како посебен наставен предмет, односно наставата се изучува целосно на француски јазик.

„Целта е симболично да ја споделиме важноста и да ја изразиме поддршката за ширењето и изучувањето на францускиот јазик во училиштата и негово што поголемо прифаќање од страна на младите во нашата земја, затоа што се работи за еден од најраспространетите, односно најдобро позиционирани јазици на мапата на јазици кои се користат во светски рамки и неговото изучување и примена е привилегија за секој поединец, изјави Адеми.

Познавањето на јазиците, потенцираше министерот, е можност за збогатување на знаењата, особено за културата на друг, односно други народи, како и основа за поедноставна, разбирлива комуникација и воспоставување нови пријателства со луѓе во глобални размери.

Според Адеми, давањето поддршка за изучувањето на францускиот јазик е најмалку што може Министерството за образование и наука да направи за пријателска Франција, земја која континуирано ја поддржува нашата земја на патот кон евроинтеграциите, кон развојот на образованието и на бројни други сфери на општеството.

Треба да знаете
Последни објави