Search

Адеми и Динамо испишаа историја, Милан преживеа во Севилја

Динамо Загреб на чело со капитенот Аријан Адеми избори пласман во нокаут фазата во Лига Европа. Ова официјално беше потврдено синоќа со победата на хрватскиот шампион над Трнава со 3-1 со што оваа генерација испиша историја.

Имено со овој триумф Динамо дојде до 12 бод по четвртата рунда во групата Д, односно до пласман во следната фаза во ова клупско натпреварување. Последен пат Динамо доживеал европска пролет во куповите во далечната 1970 година, па затоа овој успех на момците на Бјелица има големо значање.

Македонскиот репрезентативец Адеми ги одигра сите 90 минути на „Максимир“.

Од останатите мечеви од терминот 21 часот вредат да се одбележат уште неколку резултати, Арсенал одигра без голови против Спортинг, додека без победник 1-1 заврши и дуелот во Севилја меѓу Бетис и Милан.

Шпанците поведоа преку Ло Селсо во 12 минута, додека пак на другата страна стрелаше Сусо во 62 минута.

Резултати:

Леверкузен-Цирих 1-0

Ворскла-Карабах 0-1

Славија П-Копенхаген 0-0

Лудогорец-АЕК Ларнака 0-0

Розенборг-Салцбург 2-5

Олимпијакос-Дуделанж 5-1

Селтик-РБ Лајпциг 2-1

Бордо-Зенит 1-1

Треба да знаете
Последни објави