Search

Адеми: Изготвени се нови наставни програми по предметот „музичко образование”

Изготвени се нови наставни програми по предметот „музичко образование” за шесто, седмо, осмо и деветто одделение, кои се веќе усвоени и започнува нивната примена, наведе денеска министерот за образование на наука Арбр Адеми.

Нагласи дека програмите придонесуваат кон унапредување на концептот на мултикултурализам, запознавање и почитување на различностите.

– Секој ученик ќе ја изучува културата и традицијата во областа на музиката на својата заедница, но ќе има можност да ја изучува и музичката култура и традиција на сограѓаните од другите етнички заедници, преку слушање и обработка на песни и композиции, како и запознавање со инструментите и другите обележја на тие заедници, посочи Адеми.

Рече дека новите наставни програми ја унапредуваат содржината што учениците треба да ја изучуваат по предметот кој им ја развива љубовта кон музиката и кон музичкото творештво.

– Програмите нудат лесно разбирлив јазик, односно материја која едноставно ќе биде совладана од страна на учениците, согласно нивната возраст, а со цел да добијат информации за основите на музичката уметност, за музичките инструменти, да ги доживеат во целост музичките дела и да се едуцираат и информираат за обележјата на етничките заедници кои живеаат на територијата на нашата земја, а се поврзани со нивната музичка култура и традиција, истакна министерот за образование и наука.

Треба да знаете
Последни објави