Search

Адеми: ДИЦ има предлог за државната матура, ја следиме ситуацијата и нема простор за паника

Државниот испитен центар (ДИЦ) веќе има конкретен предлог за  полагањето државна матура, со оглед на вонредната состојба и неизвесноста како ќе заврши  учебната 2019/2020 година особено за средношколците матуранти.

– Предлогот на ДИЦ е доставен кај мене и според ситуацијата ќе одлучиме. Внимателно, сериозно и одговорно ја следиме ситуацијата. Ги следиме сите околности со кои се соочуваме и зависно од околностите и траењето на оваа состојба ќе преземаме и чекори, рече министерот за образование и наука Арбер Адеми во одговор на новинарско прашање како ќе се организира и спроведе државната матура и дали ситуацијата ќе ги одложи и уписите на факултет.

Посочи дека роковите, конкретни датуми, за полагање на државната матура се предвидени со календарот за организирање на учебната 2019/2020 во сите јавни средни училишта.

– Нема простор за паника, нема простор за вознемирување. Дај боже час поскоро да завршиме со овој предизвик и со оваа состојба и ќе има полагање на државна матура и ќе има уписен рок, уписна сесија, уписи во високообразовните установи, додаде Адеми на прес-конференцијата на која соопшти за новата мерка за онлајн-настава – национална платформа за учење од далечина што ќе профункционира утре.

Треба да знаете
Последни објави