Search

Адеми го очекува пауза од околу два месеци

Македонскиот фудбалски репрезентативец и капитен на повеќекратниот хрватски шампион Динамо од Загреб, Аријан Адеми ќе мора да направи подолга пауза поради здобиена на неодманешниот квалифиакциски дуел Македонија – Германија во Скопје. Адеми ја напушти играта во 29 минута, а по направените детални лекарски прегледи констатирано е дека се здобил со повреда на скочниот зглоб. Рехабилитацијата за овој тим на повреди е околу два месеци и затоа тешко е да се очекува дека ќе се врати на клупските и репрезентативните обврски пред зимската пауза, пренесуваат хрватските медиуми.

 

Германскиот репрезентативец Каи Хаверц несмасно нагази на ногата на капитенот на Динамо, по што овој неможеше да го продолжи натпреаврот. 

 

Ова е втора посериозна повреда во оваа сезона за Адеми откако во јули имаше проблеми со мускулот на десната нога. Оваа повреда ја заработи на дуелот меѓу Динамо и Омонија поради што пропушти 10 мечеви.

Македонската репрезентација во ноември ќе ги игра двет последните средби од групата за мундијалските квалификации со Ерменија на гости и со Исланд дома на кои мора да забележи победи и да ги чека исходите на Романија, која сега е вторпласирана, за евентуалена рокада на табелата и настап во баражот за учество на СП во Катар.

Треба да знаете
Последни објави