Search

Адеми во Романија – Постои огромен потенцијал за културна соработка

Минисерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми престојува во Романија каде се сретна со пратеник на македонската заедница во романскиот Парламент, Мариана Венера Попеску и со министерот за култура и национален идентитет на Романија Валер Даниел Бреаз.

На средбата со новиот министер за култура и национален идентитет Валер Даниел Бреаз, министерот Адеми му го честита изборот и му посака успешна работа. Двајцата министри потврдија дека постои огромен простор и потенцијал за културна соработка помеѓу Република Македонија и Романиј, и дека во периодот што следи културната соработка ќе се интензивира.

Министерот Едмонд Адеми, на средбата ја реактуелизираше иницијативата за поставување споменик во Букурешт на големиот македонски уметник Никола Мартиноски, кој студирал и дипломирал во Букурешката академија на уметности во 1927 година. Двете страни посакуваат и се надеваат дека овој проект ќе се реализира во текот на 2019 година.

Министерот Едмонд Адеми, меѓу другото, на министерот Даниел Бреас и романската Влада им посака успешно претседавање со советот на ЕУ, почнувајќи од 1 јануари 2019 година, и истакна надеж дека под нивно претседателство,  Република Македонија во јуни 2019 ќе започне со преговорите за членство во Европската Унија.

Како што соопшти владината прес служба на средбата со пратеничката Попеску го информирала министерот  Адеми за нејзините активности во застапување на интересите на македонската заедница во Романија, како и за нејзините следни активности во пресрет на романското претседателство со Советот на ЕУ.

Министерот Адеми и  се заблагодарил на пратеничката Попеску  за нејзиниот ангажман и  придонес во донесувањето на законот со кој 8 декември – денот на свети Климент Охридски е прогласен за ден на македонскиот јазик во Романија, со што дополнително се зајакнуваат односите помеѓу двете традиционално пријателски земји.

Адеми на Романија е придружуван од директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалварниов.

Треба да знаете
Последни објави