Search

Адел: Ми недостига сигурноста што ја имав додека бев во брак

Адел се чувствувала безбедно кога била во брак и сега ѝ недостасува таа сигурност.

Адел се разведе од сопругот Сајмон Конецки пред две години, но поп-ѕвездата (33), која моментално е во врска со спортскиот агент Рич Пол, открива дека разводот не го променил нејзиното мислење за брак.

Во разговор со “Сириус Екс-ем“, таа рече: „Дефинитивно сум повторно отворена за брак. Чувството што го имав кога бев во брак беше најбезбедното чувство што некогаш сум го имала во мојот живот“.

„За жал, не успеа, но ми недостига да бидам во брак“.

Адел своето скршено срце од разводот го канализираше во новиот албум „30“ и верува дека во албумот го постигнала „вистинскиот тон на врска која се распаѓа“ и дека била искрена за реалноста, за крајот на бракот со Сајмон и влијанието врз неа и деветгодишниот син Анџело.

„Суштината е во тоа што треба да седнете како двајца возрасни луѓе и да разговарате како ќе ги разделите вашите животи. Мора да се почитувате еден со друг и да бидете смирени или ништо нема да се реши.“

Хитмејкерката, која има пријавена нето вредност од 190 милиони долари, ги отфрли шпекулациите дека Сајмон се стекнал со огромен дел од нејзиното богатство по разводот.

„Имаше секакви гласини на интернет дека тој, наводно, ги добил сите мои пари. Како да сум глупава да дозволам некој да ги има сите мои пари. Ништо од тоа не е точно.“

Треба да знаете
Последни објави