Search

Адел и Симон Конецки постигнаа договор за развод на бракот

Британската пејачка Адел постигна договор со сопругот Симон Конецки за развод на брак со спогодба, речиси две години по нивното разделување.

„Ју-ес викли“ објави во четвртокот, дека пејачката (32) и Симон (46), извршен директор на добротворната организација Drop4Drop, во петокот на 15 јануари ги поднеле условите за развод од 171 милиони долари.

Иако Адел и Симон го завршија своето за да го финализираат разводот, бракот официјално нема да биде прекинат додека судијата не се потпише на документите.

Двајцата објавија дека ќе се разделат во април 2019 година, а Адел поднесе судски документи пет месеци подоцна. Тие се одлучија да користат медијација за да се прецизираат деталите за поделба на нивниот имот и долгови.

Британската поп сензација е една од најбогатите пејачки во својата земја. Нејзиниот раскошен глас и талентот ја сместија меѓу најценетите и најплатените светски музичари на денешнината.

Треба да знаете
Последни објави