Search

Адел е „полесна“ 45 кг, изгледа неверојатно и има ново момче

Откако минатата година за роденденот се пофали дека изгубила повеќе од 40 килограми, странските медиуми се натпреваруваат да ја сликаат пејачката Адел. Сепак, таа скоро целосно се повлече од јавната сцена и ретко можеме да ја видиме на јавни настани.

Сепак, таа направи преседан, појавувајќи се на петтиот натпревар од финалето на НБА во Феникс. Носеше црни фармерки и сандали со високи потпетици, а иако носеше палто од животински принт, беше јасно дека Адел изгледа подобро од кога било.

Таа седеше скоро до теренот, во друштво на Рич Пол, спортски агент кој ја претставува легендата на кошарката Леброн Џејмс, и цело време со навивачки реквизит го бодреше Санс.

Тоа меѓу Адел и Пол е нешто повеќе од пријателство, рече новинарот и коментатор на ЕСПН, кој по подкастот по натпреварот изјави дека Адел и Пол се пар.

– Рич ја зеде својата девојка да го гледа натпреварот покрај Леброн. Неговата девојка е Адел. Ова е прв пат тие да се појават во јавноста заедно – рече новинарот…

Преземено од Курир

Треба да знаете
Последни објави