Search

Адвокатот на Меган Маркл: Бакингемската палата ја користи приказната на „Тајмс“ за ширење лажен наратив пред интервјуто за Опра

Во минатото, кралското семејство беше познато по тоа што одржуваше внимателна дистанца од популарниот печат, ретко се занимаваше со гласини и новински статии. Оваа недела, сепак, во изненадувачки потег, Бакингемската палата веднаш и директно реагираше на обвинувањата протов војвотката од Сасекс изнесени во „Тајмс“.

Палатата започне истрага за наводите на весникот дека војвотката од Сасекс малтретирала членови на персоналот пред таа и принцот Хари да ги напуштат кралските должности. Тим за човечки ресурси детално ги истражува наводите, и ќе стапи во контакт со лица кои во тоа време работеле во палатата.

Војвотката од Сасекс живееше во палатата Кенсингтон речиси една година по венчавката со принцот Хари во 2018 година и според приказната во британски „Тајмс“, формалната жалба била поднесена преку електронска пошта во октомври 2018 година од Џејсон Кнауф, тогашен секретар за односи со јавноста на Сасексови.

Портпаролот на Меган Маркл во својата најнова изјава наведува: „Војвотката многу ја натажи овој последен напад врз нејзиниот лик, особено како некој што бил цел на малтретирање и е длабоко посветен на поддршка на оние кои доживеале болка и траума. Таа е решена да продолжи со својата работа градејќи сочувство низ целиот свет и ќе продолжи да се стреми да дава пример правејќи она што е исправно и што е добро.“

Адвокатите на Хари и Меган изјавија за „Тајмс“ дека целата сторија се користи од страна на Бакингемската палата за ширење на целосно лажен наратив пред интервјуто за Опра.

Според портпаролот на Сасексови, сето ова е калкулирана клеветничка кампања која се темели на штетни дезинформации. „Разочарани сме што гледаме дека на овој клеветнички приказ на војвотката од Сасекс му е даден кредибилитет од страна на еден медиум.“

Треба да знаете
Последни објави