Search

Адвокатот Гажоски за Фокус: Потребна е транспаретна судска постапка и конфискација на незаконски стекнатиот имот на Вангеловски

Адвокатот Ѓоко Гажоски за „Фокус“ вели дека денешното разрешување на Јово Вангеловски дава мала надеж за дека сепак се можни суштински реформи во правосудството, но и дека ова треба да биде само почеток.

-Разрешувањето на Вангеловски е добра појдовна нулта точка, но мора во периодот што престои да се реформира правосудството суштински и целосно, а не само со козметика да се шминка надворешноста на целиот правосуден систем , на што сме сведоци веќе скоро три децении, вели Гажоски.

На прашањето дали освен разрешувањето, против Вангеловски треба да биде покрената и некаква судска постапка, Гажоски вели:

-Доколку слушнете колку недвижен и движен имот поседува сега веќе разрешениот Претседател на Врховниот суд тогаш мора како логично продолжение на приказната околу несовесното работење, да следи покренување на соодветни кривични постапки против него и конечно експанзивна конфискација на незаконски стекнатиот имот. Сметам дека тие кривични постапки кои би се воделе против Вангеловски би се замарзнал најпрво недвижниот и движниот имот за кој има основано сомнение дека е стекнат на незаконски начин. Доколку во фер и транспарентна судска постапка за истиот се докаже дека е незаконски стекнат, и биде конфискуван, тоа ќе биде доволна порака дека криминалот во Македонија не се исплати. Во спротивно се уште на сила ќе биде принципот на неказнивост и пораката кон сите идни високи функционери од било која од трите власти: дека криминалот и тоа како се исплати, заклучува Гажоски.

Треба да знаете
Последни објави