Search

Адвокатите спорат дали убијците му нанеле интензивна болка на Саздо или болката била кратка?

Адвокатите на Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиството на Никола Саздовски Саздо бараат пак да сведочи невропсихијатарот-вештото лице, оти не им било јасно дали убиениот страдал интензивно или болката му траела кратко.

Во моментов Судечкиот совет расправа по нивното барање, па рочиштето за случајот е прекинато.

На денешното судење требаше да се изведува доказна постапка на доказите од одбраната, фотодокументација, доказ фотографија од кутијата на ЕВН.

Бранителот на Беља, Насер Рауфи го повлече предлогот за изведување на доказ-фотографија од увид на кутијата на ЕВН на што јавниот обвинител се согласи. Одбраната предложи вештото лице уште еднаш да биде сосолушано, невропсихијатарот др. Александар Марцикиќ бидејќи имало нови околности во врска со временскиот интревал на траењето на болката.

ЈО рече дека се противи и дека  е непотребно пак да се повика вештото лице бидејќи на главната расправа вештото лице образложило во врска со болката и стресот што го чуствувал сега починатиот.

И бранителот на Демири, Асмир Алиспахиќ се приклучи на предлогот на Насер Рауфи.
Според него, ако се анализира писмениот извештај од др. Марцикиќ во делот во последната реченица се вели “му нанесува интензивна физичка болка и страдања”. Во извештајот на судска медицина, пак, за истото прашање се наваедува “но таа болка траела кратко поради што изгубил свест”.
-Поради тоа бараме повторно да биде повикано вештото лице, кажа Алиспахиќ.
Судечкиот совет направи кратка пауза да се договори за предлогот на одбраната.
Додека траеше кратката пауза во судницата двјацата обвинети расположено си разговараа меѓу себе и си потпевнуваа.
Даниела Вељановска
Треба да знаете
Последни објави