Search

Адвокатите на Трамп побараа од Врховниот суд да го прекине објавувањето на неговите даночни пријави

Барањето до Врховниот суд пристигна откако пониските судови одлучија неговите сметководители да мораат да им ги предадат овие пријави на истражителите, јави ДПА.

Адвокатот Џеј Секулов соопшти дека се надева дека највисокиот американски суд „ќе ја промени опасната и штетна одлука на жалбениот суд”

Барањето за предавање на информациите за повраток на данок на Менхетен е поврзано со исплатите кон две жени во замена за нивното молчење околу наводните афери со Трамп во пресрет на претседателските избори во 2016 година.

Истражителите тврдат дека информациите за даноците им се потребни за да одлучат дали исплатите биле илегални или не.

Претходно, Апелацискиот суд одлучи дека сметководителите на Трамп мораат на тужителите да им ги предадат неговите даночни пријави за последните осум години.

Пресудата на тужителите им овозможува да издадат обврзувачки налог до компанијата „Мазарс ЛЛП” за доставување на документите, пренесуваат американските медиуми.

Њујоршкиот обвинител, демократот Сајрус Венс јуниор, ги побара личните и деловните даночни пријави од 2011 до 2018 година, во рамките на истрагата за бизнисите на претседателот и неговото семејство.

Треба да знаете
Последни објави